На 18 февруари 2026 година Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан оствари средба со г. Мајкл Дозлер, виш советник за транснационални прашања, вклучително и за стратегија за односи со Православната Црква при Стејт департментот на САД и со г. Роберт Цицман, аналитичар во Канцеларијата за меѓународна верска слобода при Стејт департментот на САД.
На средбата присуствуваа и: Неговото Преосвештенство Епископот Херајлејски г. Климент – Секретар на Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, протојереј Даниел Јовановски – шеф на Кабинетот на Архиепископот, г. Ендрју Ковтун – советник за човечки права во Амбасадата на САД во Скопје и г. Адриан Исмаили – политички аналитичар во Амбасадата на САД во Скопје.









Извор: https://mpc-spe.mk/arhiepiskop/aktivnosti/sredba-na-arhiepiskopt-so-pretstavnici-na-sad-2026/
