На 18 јуни 2025 година, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во својот кабинет, оствари средба со советникот за верски прашања на Франција г. Жан-Кристоф Посел.
На средбата присуствуваа и г. Филип Маршето, Вршител на должноста амбасадор на Франција во Македонија и отец Георгиј (Ѓорѓевски) – новоизбраниот Митрополит Дебарско-кичевски.




