Средба на митрополитот Јосиф со директорот на Институтот за национална историја проф. д-р Митко Панов

На 4 декември 2025 година митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф во Лешочкиот манастир го прими директорот на Институтот за национална историја, проф. д-р Митко Панов кој со повеќемина професори го посетија славниот Лешочки манастир.

Ценетите гости најпрво беа запознаени со богатото културно и духовно значење на Лешочкиот манастир, а митрополитот Јосиф говореше за нашиот значаен духовен отец и преродбеник, неодамна канонизираниот светител, свети Кирил Лешочки (Пејчиновиќ).

Извор: https://tge.mk/sredba-so-direktorot-na-institutot-za-nacionalna-istorija-profd-r-mitko-panov