На 6 април 2026 година, Митрополитот Австралиско-новозеландски г. Никола, во Соборниот храм „Раѓање на Пресвета Богородица“ во Сиденхам, Австралија, го прими Митрополитот Австралиско-новозеландски г. Силуан од Српската Православна Црква..
Митрополитот г. Силуан му го честиташе изборот за нов Митрополит на оваа богомспасаема епархија и му посака долги години, плодотворна и успешна мисија на нивата Господова.
За време на братската средба беше истакната важноста на меѓусебната соработка и духовното единство, а особено потребата од зајакнување на мисијата меѓу младите.









Извор: https://www.mocdanz.org.au/митрополитот-г-силуан-во-посета-на-мит/ и https://www.facebook.com/share/p/18WPgUXNbD/
