На 23 јули 2024 година, во Одделението за надворешни црковни врски (ОНЦВ) на Московската патријаршија, во Москва, се одржа средба помеѓу претседателот на ОНЦВ, Митрополитот Волоколамски Антониј и претставникот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, свештенослужител на Скопската Епархија, јеромонах Атанасиј (Арсоски).
Учесниците на состанокот разговараа за соработката помеѓу Руската и Македонската православна црква, особено во издавачкиот сектор, како и за други прашања од заеднички интерес.
На средбата учествуваше и заменик-претседателот на ОНЦВ протојереј Игор Јакимчук.