Средба во Кабинетот на Архиепископот

Во денот кога Црквата го прославува Рождеството Христово – Божик, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан оствари неформална средба со претседателката на Република Македонија г-ѓа Гордана Сиљановска-Давкова и со директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи г-ѓа Оливера Трајковска.

Средбата помина во пријатна, празнична атмосфера.

Извор: https://mpc-spe.mk/arhiepiskop/aktivnosti/bozikna-sredba-2025/