Свечена литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушничка во Струмица

На 26 април 2025 година, Светла сабота, викарниот Епископ Стобиски г. Јаков отслужи Божествена Литургија во манастирот „Свети Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици“, во Струмица. На Литургијата, Епископот г. Јаков го ракопроизведе старешината на манастирот о. Даниел Ѓоргиев во чин протоереј. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

На Литургијата присуствуваа и пратениците г. Петар Марков и г. Миле Цеков, градоначалникот на Струмица, г. Костадин Костадинов, градоначалникот на Ново Село, г. Ѓорге Божинов, градоначалникот на Василево, г. Славе Андонов, градоначалникот на Пехчево, г. Александар Китански, советници, директори и претставници на институциите и верен народ кои се вклучија во свештената поворка со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушничка.

Извор: http://mpc.org.mk/MPC/SE/vest.asp?id=8430