Свечена седница по повод празникот на општина Делчево

​Неговото Преосвештенство, епископот Делчевско-каменички г. Марко, на 7 септември годинава присуствуваше на свечената седница организирана по повод 82 години од ослободувањето на Делчево.

​Овој значаен локален јубилеј се одбележува во пресрет на големиот национален празник — 35 години од независноста на Република Македонија.

„​Двата настани сведочат за вековниот стремеж за слобода, зачувување на духовниот и националниот идентитет, како и за континуитетот во изградбата на нашата татковина. Честит празник на сите граѓани на Делчево и честит Ден на независноста!“ – се вели во известувањето од Делчевско-каменичката епархија.

Извор: https://www.facebook.com/share/p/1D6AaFYGNL/