На празникот на светиот апостол и евангелист Марко, именден на Неговото Преосвештенство епископот Делчевско-каменички г. Марко, во храмот „Успение на Пресвета Богородица”, во Делчево, беше отслужена света архијерејска Литургија.
На литургијата началствуваше Епископот Марко во сослужение на Неговото Преосвештенство викарниот Епископ дремвитски г. Давид и бројни свештенослужители од Македонската, Српската и Бугарската Православна Црква.
После прочитаното Евангелие беседеше Епископот Давид, кој ја прочита и молитвата за именденското коливо.
На крајот Епископот Марко со пригодни зборови им се заблагодари на сите, кои дојдоа заедно со него да го прослават неговиот именден.
Пренесуваме снимка од беседата не вл. Давид.


















Извор: https://www.facebook.com/share/p/18KFXgTCQx/ и https://www.facebook.com/share/p/1GiwSmGUp4/

