Вчера, на 10 мај во манастирот посветен на Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици, во Струмица, Неговото Преосвештенство Епископот Делчевско-каменички г. Марко отслужи Пасхална вечерна служба во присуство на Епископот Стобиски г. Јаков.
По службата, иконата на ,Пресвета Богородица – Брзопослушница со свечена литија беше пренесена до храмот ,,Свети Димитриј и Свети Григориј Палама”.
Другиот ден, на 11 мај, по завршувањето на Светата Божествена Литургија со која началствуваше Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф во сослужение на Епископот Делчевско-каменички г. Марко и Епископот Стобиски г. Јаков, продолжи свештената литија од храмот каде вчера застана поворката до плоштадот „Гоце Делчев“ во градот Струмица, а повторно назад до храмот „Свети Димитриј и Свети Григориј Палама“.
За време на литијата со иконата се носеа и светите мошти на Свети Василиј Велики, на Свети Стефан Првомаченик и на Свети Гаврил Епископ Велички. Иконата и светите моштите беа изнесени за поклонение и целивање на верниот народ.
Пресвета Богородице моли го милостивиот Бог за нашите души. Амин.
Извор: https://www.facebook.com/61551990174842/posts/122163220118066339/?mibextid=xfxF2i&rdid=9cmojPDQzINyDu7w , https://tge.mk/product/cveshtena-litija-so-ikonata-presveta-bogoroditsa-brzoposlushnitsa