На 5 октомври 2024 година, Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на повеќе свештеници отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Св. вмч. Димитриј“ во Кавадарци.
На Литургијата, Митрополитот Агатангел благоволи и го ракоположи во свештеник, ѓаконот Петар Кабранов од Кавадарци.
Митрополитот Агатангел најпрво им го претстави новиот свештеник на присутните верници, а потоа изрече поука до новиот свештенослужител пред Престолот Божји, ревносно и совесно да ја чува и проповеда Православната вера и верно да Му служи на Господ Исус Христос и на својот македонски род.














Извор: http://www.povardarska-eparhija.org.mk/pe//index.php?option=com_content&task=view&id=3053&Itemid=32