Известува: о. Горан Трпчевски
Со благослов од Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Американско-канадски г. Методиј, во Македонскиот православен храм посветен на Св. Параскева Петка, во Чикаго, Соединетите Американски Држави, на 4-ти ноември 2025 година, за првпат се одржа свештенички состанок на Православното христијанско свештеничко здружение во Чикаго од сите помесни православни цркви (OCCA Clergy).
Свештениците разговараа за нивната мисија во дијаспората и подобрување на православниот христијански живот во Чикаго.
По состанокот, од страна на македонската заедница, гостите беа послужени со ручек од македонската кујна и традиција.
