Свештеничко ракополагање на Крстовден во Лешочкиот манастир

На 27 септември 2026 година, Воздвижение на Чесниот Крст – Крстовден, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен, во сослужение на надлежниот Митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф служеше света Златоустова Литургија во Лешочкиот манастир.

Пред започнувањето на Литургијата, според Црковниот типик, насреде храмот беше изнесен Светиот Крст каде што беше воздвижен, а свештенството и верниот народ се поклонија пред духовното оружје, кое е слава на Црквата и поткрепа на верните.

На Литургијата, Митрополитот г. Пимен благоволи и го ракоположи досегашниот ѓакон Ненад Јованов во чин свештеник, за потребите на Европската епархија при МПЦ-ОА.

Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. На крајот од Литургијата Митрополитот г. Пимен одржа пригодна беседа.

Извор: https://tge.mk/vozdvizenie-na-cesniot-krst-krstovden