Свештеничко ракополагање во Македонската црковна општина во Крањ, Словенија

Во неделата на Педесетница, на 31 мај 2026 година, во Македонската православна црковна општина „Света Троица“ во Крањ, Словенија, беше отслужена света архијерејска Литургија со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство митрополитот Европски г. Пимен, во сослужение со повеќе свештеници.

На Литургијата отец Методиј Миткоски, кој на Лазарева сабота годинава беше ракоположен во ѓаконски чин од рацете на митрополитот Пимен, за што известивме, на празникот на Слегувањето на Светиот Дух врз Христовите ученици и апостоли, беше ракоположен во свештенички чин.

По завршувањето на светата Литургија беше одбележана и црковната слава на храмот, со благословување на славскиот колач и заеднички празничен ручек подготвен од овогодишните кумови.

Извор: https://www.facebook.com/share/p/1HjjXPnx2n/