На 24 јуни оваа година, на празникот посветен на светите апостоли Вартоломеј и Варнава, епископот и свештенството од Делчевско-каменичката епархија одржаа редовно свештеничко собрание.
После молитвата, збор зеде Неговото Преосвештенство епископот Делчевско-каменички г. Марко, кој татковски, како духовен отец, им се обрати на свештениците и при тоа им даде духовни совети, како постојано да покажуваат братска љубов во меѓусебните односи. Разговараа за најразлични тековни активности и проблеми. Исто така, усогласија и правило за тоа како понатамошно ќе се извршува чинот на сите црковните треби.
На крајот, епископот им посака успешна мисија и искажа задоволство за досегашното разбирање и соработка од страна на свештениците.