Света архијерејска Литургија во Македонската православна црква „Св. Злата Мегленска“ во Загреб, Хрватска

На 15.09.2024 година, во 12-та недела по Педесетница, кога се празнува споменот на св. мч. Мамант и на св. Јован Постник, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, со благослов од надлежниот епархиски архијереј, Митрополитот Европски г. Пимен, отслужи света архијерејска Литургија во храмот „Св. Злата Мегленска“ на Македонската православна црква во Загреб, Хрватска.

Во оваа прилика, Митрополитот Иларион донесе дел од моштите од светиот Гаврил Епископ Велички – Светогорец, за голема радост на свештенослужителите и верниот народ на Македонската Православна Црква во Загреб, Хрватска.

Извор: https://www.bregalnickaeparhija.org.mk/