На 16 март 2025 година, втора недела од Великиот пост посветена на свети Григориј Палама, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион во сослужение на Неговото Преосвештенство Епископот Делчевско-каменички г. Марко и свештенослужители од Брегалничката, Делчевско-каменичка, Струмичката и од Неврокопската Епархија која е дел од Бугарската Православна Црква, отслужија Света Архиерејска Василиева Литургија во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Македонска Каменица.
По читањето на Евангелието со вдахновена беседа кон народот се обрати Митрополит г. Иларион. На Божествената Литургија, архијереите произнесоа заупокоена молитва кон Бога, за покој на душите на прерано починатите млади луѓе во Кочани.

















