На 28 февруари 2026 година, сабота од првата недела на Великиот пост (Тодорова Сабота), Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион отслужи света архијерејска Литургија во храмот „Св. Николај“ во Свети Николе.
За време на Божествената Литургијата Митрополитот Иларион го ракоположи ѓаконот Сашо Стојчев, од Свети Николе, во свештенички чин со името Јован.
На крајот од светата Литургија, Митрополитот Иларион, одржа пригодна беседа и го благослови коливото во чест на светиот великомаченик Теодор Тирон.































