На 20 февруари 2025 година, кога се прославува споменот на св. Партениј Лампсакиски, преп. Лука Еладски; Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион во сослужение на Неговото Преосвештенство Епископот Антаниски г. Партениј и повеќе свештеномонаси отслужија света архијерејска Литургија во Бигорскиот манастир.
Митрополитот Иларион, по повод именденот на Епископот Партениј, му подари архиерејска панагија, а како благодарност епископот Партениј, на Митрополитот Иларион му подари митра изработена од рацете на преподобните монахињи при манастирот „Св. Вмч. Георгиј Победоносец“ во Рајчица.















