На 14 февруари 2026 година, на покана од надлежниот архијереј, Високопреосвештениот Митрополит и Архиепископ Горнокарловачки г. Герасим, од Српската Православна Црква, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион чиноначалствуваше на светата архијерејска Литургија, во храмот посветен на светиот Николај Мирликијски Чудотворец, во Карловац, Хрватска.
На Литургијата по повод празникот на светиот маченик Трифун, заштитник и крсна слава на Митрополитот Герасим, сослужуваа и Нивните Преосвештенства: Епископот Осечкопољски и Барањски г. Херувим и Епископот Јенопољски г. Никон, викар на Неговата Светост Патријархот Српски г.г. Порфириј, заедно со повеќе свештенослужители.
На богослужбата пригодна беседа произнесе Епископот г. Херувим, а по завршувањето на Литургијата архијереите отслужија парастос за покој на душите на починатите и го благословија и пресекоа празничниот леб.





























