На 28 јуни 2024 година, во посета и поклонение на Лесновскиот Манастир, Надлежниот Епархиски Архјиереј г. Иларион, срдечно го пречека Неговото Високопреосвештенство Архиепископот Михаловско-кошицки г. Георгиј, од Православната Црква на Чешките земји и Словачка.
А на 29 јуни 2024 година, Оддание на Педесетница, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион сослужуваше со Неговото Високопреосвештенство Архиепископот Михаловско-кошицки г. Георгиј, на Светата Архијерејска Литургија отслужена во Лесновскиот Манастир, а сослужуваа и свештенослужители од Брегалничката Епархија.
За време на Божествената Литургија протојерејот Влатко Мирасчиев од Штип беше произведен во чин протојереј-ставрофор, односно со право на носење на Граден Крст, по одлука на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, а по предлог на Надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион.
На крајот од Литургијата, Архиепископот г. Георгиј, одржа пригодна беседа.




















