На 27 јули – 7. Недела по Педесетница, кога според новиот календар се празнува споменот на св. великомаченик Пантелејмон и на Светите Седмочисленици – во главниот храм „Рождество на Пресвета Богородица“ во Рилскиот манастир, во Бугарија, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Струмички Наум сослужуваше света архијерејска Литургија со Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Варненски и Великопреславски Јован и со Неговото Преосвештенство Епископот Адријанополски Евлогиј, игумен на светата обител, од Бугарската Православна Црква.





















