Света архијерејска Литургија во манастирот Св. Прохор Пчињски

На 1 ноември 2025 година, кога се прославува споменот на преподобниот Прохор Пчињски, во манастирот Св. Прохор Пчињски беше отслужена света архијерејска Литургија.

На Литургијата началствуваше Високопреосвештениот митрополит Шумадиски г. Јован од Српската Православна Црква, во сослужение со епархискиот архијереј Високопреосвештениот архиепископ и митрополит Врањски г. Пахомиј и со архијереите на Македонската Православна Црква: Високопреосвештените митрополити Брегалнички г. Иларион и Кумановско-осоговски г. Григориј, Преосвештените епископи: Делчевско-каменички г. Марко и Дремвитски г. Давид. Сослужуваше и Викарниот епископ на Српскиот Патријарх, Преосвештениот епископ Новобрдски г. Иларион, како и Високопреподобниот игумен на Светогорскиот манастир Хиландар, о. Методиј, бројно монаштво и свештенство од Македонската и од Српската Православна Црква.

На крајот од светата Литургија беше благословен и пресечен славскиот колач.

Извор: https://www.bregalnickaeparhija.org.mk/