Света архијерејска заупокоена Литургија и Парастос во Кочани

На 14 март 2026 година, во третата сабота од Великиот пост и годишнина од страшната трагедија во Кочани, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во молитвено присуство на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, отслужи света архијерејска заупокоена Литургија, во сослужение на свештенослужители на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, во храмот „Св. Вмч. Георгиј“ во Кочани.

По завршувањето на Литургијата, Неговото Блаженство Архиепископот Стефан отслужи парастос за покој на сите починати во трагедијата во Кочани, во сослужение на надлежниот архијереј, Митрополитот Иларион и свештенослужители на МПЦ-ОА.

На богослужбата Архиепископот Стефан произнесе боговдахновена и утешителна беседа.

Нека им е блажен и вечен споменот и семилостивиот Бог да им дарува царство небесно. Вечнаја памјат.

Извор: https://www.bregalnickaeparhija.org.mk/