Прослава на Петровден во Повардарската епархија

На денот кога Светата православна црква го чествува споменот на светите апостоли Петар и Павле, Митрополитот Агатангел, во сослужение на бројно свештенство од сите архиерејски намесништва на епархијата, отслужи света Божествена Литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Велес.

На Литургијата, Митрополитот Агатангел благоволи и го произведе во чин протоѓакон, ѓаконот Бобан Ѓорѓиевски од Велес.

На големиот христијански празник Петровден се навршија 26 години од архипастирската дејност на Митрополитот Агатангел, па од името на целото свештенство на Повардарската епархија, како и од целото паство со слово кон Митрополитот се обрати протојереј Борислав Бобевски.

Извор: http://www.povardarska-eparhija.org.mk/pe//index.php?option=com_content&task=view&id=3032&Itemid=32