Свети Кирил и Методиј – Света Архиерејска Литургија во Прилеп

На 24 мај 2026 година, во седмата недела по Пасха, кога го празнуваме споменот на светите рамноапостолни Кирил и Методиј, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение со Митрополитот Австралиско-новозеландски г. Никола, протојереите Емилијан Зелнички, Живко Деспотовски, протоѓаконот Драган Ѓоргиевски и ѓаконот Димитар Поп Атанасов, отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Свети Кирил и Методиј“ (Параклис), во Прилеп.

На Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Извор: http://www.pppe.mk/2026/sveti-kiril-i-metodij-sveta-arhierejska-liturgija-vo-prilep-6/