На 07.11.2024 г., во предвечерието на празникот на Светиот Великомаченик Димитриј, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на Епископ Велички г. Никола, отслужи празнична архиерејска Вечерна богослужба во соборниот храм „Свети Великомаченик Димитриј“, во Битола.
На 08.11.2024 г., на самиот ден на празникот на Светиот Великомаченик Димитриј, Преподобниот Димитриј Басарабов, Преподобниот маченик Јоасаф и споменот на големиот земјотрес, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, во сослужение со Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Зворничко-тузлански г. Фотиј, Неговото Преосвештенство, Епископот Шабачки г. Јеротеј, Неговото Преосвештенство, Епископот Хераклејски г. Климент, Неговото Преосвештенство, Епископот Велички г. Никола, протоереј-ставрофорите Никола Грамбозов, Златко Костовски, Кирил Трајковски, протоѓаконите Драган Ѓеоргиевски и Ѓорѓи Делев, отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Свети Великомаченик Димитриј“, во Битола.
Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Извор: http://www.pppe.mk