Денес попладне, Неговата Светост, Бугарскиот патријарх г.г. Даниил, оствари телефонски разговор со Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан. Поглаварот на Бугарската Православна Црква изрази најискрено сочувство по повод трагичниот настан во Кочани.
Патријархот Даниил го увери својот брат Архиепископот Стефан дека православните христијани во Бугарија од сѐ срце се молат за покој на душите на загинатите, за утеха на нивните блиски и за брзо оздравување на сите повредени. Патријархот додаде дека болката и страдањето што во овој момент ги чувствуваат нашите браќа и сестри во Македонија се и наша болка и наше страдање.
Архиепископот Стефан изрази благодарност за сочувството и молитвите на православните христијани од братската Бугарска Православна Црква во овој трагичен момент за цела Македонија.
„Нека, по молитвите на нашата небесна заштитничка и застапничка, Пресвета Владичица Богородица, нашиот Господ Исус Христос дарува благодатни сили, храброст, вера и надеж на нашите македонски браќа и сестри во ова тешко искушение“ – завршува известувањето од Бугарската Патријаршија.
Извор: https://bg-patriarshia.bg/news/telefonen-razgovor-na-balgarskia-patriarh-daniil-s-arhiepisk
