Тодорова сабота во Свети Николе

На 08.03.2025 година (првата сабота од Великиот пост), кога Црквата го прославува споменот со чудото на свети Теодор Тирон, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, во сослужение со Митрополитот Брегалнички г. Иларион и Епископот Делчевско-каменички г. Марко, служеше Света Златоустова Литургија во храмот на света Лидија Македонска во Свети Николе. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Извор: https://koe.mk/тодорова-сабота-во-с-конопница/