Торжествено прославен празникот на преподобниот Гаврил Лесновски во Лесновскиот манастир

На 28 / 15 јануари 2026 лето Господово, кога Светата Православна Црква прави спомен на преподобниот Гаврил Лесновски и на преподобниот Прохор Пчински, во Лесновскиот манастир беше отслужена света архијерејска Литургија.

На Литургијата началствуваше Високопреосвештениот Митрополит Врањски г. Пахомиј од Српската Православна Црква, а му сослужуваа Високопреосвештените Митрополити Брегалнички г. Иларион и Кумановско-осоговски г. Григориј и свештенослужители од Српската Православна Црква и од Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија. На Божествената Литургија присуствуваа директорот на Агенцијата за иселеништво на Р. Македонија г. Горан Ангелов, градоначалникот на општина Пробиштип г. Тони Тоневски и многуброен верен народ.

На крајот од Литургијата пригодна беседа произнесе Митрополитот Григориј, а по завршувањето на Литургијата, архијереите го благословија и пресекоа празничниот леб.

Извор: https://www.bregalnickaeparhija.org.mk/