Торжествено прославен празникот на преподобниот Гаврил Лесновски во Лесновскиот Манастир

На 27 јануари 2025 година, во навечерието на празникот на преподобниот Гаврил Лесновски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион во сослужение на протосингелот Исак и свештенослужители од Брегалничката Епархија, отслужи празнична вечерна богослужба во Лесновскиот манастир. На крајот од вечерната Митрополитот г. Иларион го благослови и пресече петолебието и одржа пригодна беседа.

На самиот ден на празникот, Митрополитот Иларион во сослужение на Високопреосвештените Митрополити Врањски г. Пахомиј и Кумановско-осоговски г. Григориј и свештенослужители од Македонската православна црква – Охридска архиепископија и од Српската православна црква, отслужија света архиерејска Литургија во Лесновскиот манастир.

На Божествената Литургија присуствуваа директорката на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи г-ѓа Оливера Трајковска, градоначалникот на општина Пробиштип г. Драган Анастасов и многуброен верен народ.

На крајот од Литургијата пригодна беседа произнесе Митрополитот г. Григориј, а по завршувањето на Литургијата, архијереите го благословија и пресекоа празничниот леб.

Извор: https://www.bregalnickaeparhija.org.mk/