Споменот на светиот апостол и евангелист Лука, на 31 / 18 октомври беше торжествено прославен во храмот „Св. апостол Лука“ во Виница.
На Божествената Литургија началствуваше Неговото Преосвештенство Епископот Осечкопољски и барањски г. Херувим од Српската Православна Црква, во сослужение со епископот-домаќин, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион и со Неговото Преосвештенство Епископот Делчевско-каменички г. Марко и свештенослужители од Македонската и од Српската Православна Црква.
На крајот од Литургијата пригодна беседа произнесе Епископот Херувим. Потоа Митрополитот Иларион го одликуваше г. Орце Манасиев од Виница со орден „Св. Николај“ и му додели благодарница на црковното настојателство при храмот „Св. апостол и евангелист Лука“.
По завршувањето на Литургијата, архијереите го благословија и пресекоа празничниот леб и извршија освет на новоизградената камбанарија при храмот. Нека е честито и од Бога благословено!
































