Торжествено прославен празникот на Светиот Николај во градот Штип

На 19 декември 2024 лето Господово, на празникот на светиот Николај Мирликиски Чудотворец, кој е заштитник на Брегалничката Православна Епархија и на градот Штип, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва г.г. Стефан отслужи Света архијерејска Литургија во сослужение на надлежниот епархиски архијереј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион и со Високопресовештениот Митрополитот Европски г. Пимен, Неговото Преосвештенство Епископот Стобиски г. Јаков и свештенослужители на Македонската православна црвка – Охридска Архиепископија, во соборниот епархиски храм „Св. Николај“ во Штип.

Пригодна беседа на богослужбата одржа Неговото Блаженство Архиепископот г.г. Стефан.

На светата Литургија присуствуваше многуброен православен народ кој со искрена вера дојде да се помоли и поклони пред моштите на светиот Николај Чудотворец кои беа донесени од манастирот „Св. Гаврил Лесновски“ на поклонение во Штип.

А по завршувањето на Божествената Литургија, Архиереите заедно со Градоначалникот на Општина Штип г. Иван Јорданов, директорката на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи г-ѓа Оливера Трајковска, свештенослужителите и многубројниот православен народ, извршија Литија од соборниот храм „Св. Николај“ до градското шеталиште „Ванчо Прќе“ во Штип, каде го благословија и пресекоа славскиот колач.

Извор: https://www.bregalnickaeparhija.org.mk/