На 21 септември 2024 година, кога се прославува празникот на раѓањеto на Пресвета Богородица, беше отслужена празнична божествена Литургија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје. На Литургијата началствуваше Блаженејшиот Архиепископ Охридски и Македонски Стефан, во сослужение на Брегалничкиот митрополит Иларион, Тетовско-Гостиварскиот митрополит Јосиф, Кумановско-осоговскиот митрополит Григориј и Хераклејскиот епископ Климент. Сослужуваа и: Хиландарскиот игумен архимандрит Методиј, јеромонах Нектариј од светогорскиот манастир Хиландар, архимандрит Сергеј од Новограчаничко-средноамериканска епархија на Српската Црква, игумен Павле од Захумско-Херцеговската епархија на Српската Црква и јеромонах Роман од Острошкиот манастир во Црна Гора.
Како што веќе известивме, вчера, во придружба на хиландарскиот игумен Архимандрит Методиј, во храмот пристигна Богородичната икона „Троеручица“. Нејзиното пристигнување беше дополнителна причина за денешното торжество.
На Литургијата, со вдахновена беседа за денешниот празник, на верниот народ му се обрати Неговото Блаженство Архиепископот Стефан. Свое обраќање имаше и игуменот Методиј, кој во знак на сеќавање на овие настани, на Архиепископот Стефан му подари печат од Свети Сава, во вид на плакета.