Торжествено прославен споменот на светиот Гаврил Епископ Велички Светогорец во Лесновскиот манастир

На 27 мај 2025 година, во навечерието на празникот на светиот Гаврил Епископ Велички, Светогорец, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион отслужи Празнична вечерна богослужба во сослужение на свештенослужители од Брегалничката епархија во манастирот „Св. Гаврил Лесновски“ во Лесново. На крајот од Вечерната, Митрополитот г. Иларион го благослови и пресече петолебието и одржа пригодна беседа.

Утредента, на 28 мај 2025 година, на самиот ден на празникот, во манастирот беше отслужена света архијерејска Литургија на која началствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен, заедно со Неговото Високопреосвештенство Митрополитот г. Иларион во сослужение на свештенослужители на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.

За време на Божествената Литургија, Митрополитот г. Иларион, во чин Игумен на Лесновската света Обител го произведе Високопреподобниот протосингел Исак.

Пригодна беседа одржа Митрополитот Европски г. Пимен, а на крајот од Светата Литургија, архијереите го благословија и пресекоа празничниот леб.

Христос Воскресе!!! – Навистина Воскресе!!!

Извор: https://www.bregalnickaeparhija.org.mk/