Известува: о. Горан Трпчевски
На денот кога го празнуваме споменот на преподобната маченичка Света Петка Римска, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Американско-канадски г. Методиј во храмот „Св. Петка“ во Чикаго, каде торжествено беше прославена славата на храмот, отслужи света архијерејска Литургија, во сослужение на парохискиот свештеник Константин Стевковски, како и свештенослужители од сестринските македонски црковни заедници при храмовите „Св. Кирил и Методиј“ од Вилоубрук, Илиноис, протоереј Тони Јошевски и „Св. Петар и Павле“ од Краун Поинт, Индијана, ереј Ѓорѓи Глигоров и ереј Александар Митров.
На крајот од Литургијата, парохискиот свештеник Константин Стевковски одржа пригодна беседа, и заедно со свештенослужителите го благослови и пресече празничниот леб, а верниот народ се причести со Светите Дарови.