Tригодишнина од осветувањето на храмот „Св. Лидија Македонска“ во Свети Николе

На 9 oктомври 2024 година, на тригодишнината од осветувањето на храмот „Св. Лидија Македонска“ во Свети Николе, во него беше отслужена света архијерејска Литургија.

На Литургијата началствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф во сослужение со надлежниот архијереј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион и свештенослужители од Брегалничката Епархија.

На Светата Литургија присуствуваше и Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи (КОВЗРГ) г-ѓа Оливера Трајковска.

Содржајна беседа одржа Митрополитот г. Јосиф, а потоа Митрополитот г. Иларион му се заблагодари на Митрополитот г. Јосиф за сослужувањето и за братската љубов, а ја поздрави и новоизбраната Директорка на КОВЗРГ г-ѓа Оливера Трајковска и ѝ честиташе за изборот.

По Божествената Литургија, архијереите го благословија и пресекоа празничниот леб.

https://www.bregalnickaeparhija.org.mk/Извор: https://www.bregalnickaeparhija.org.mk/