Учество на Саемот на книгата 2026 година на Повардарската епархија

Во рамките на учеството на Македонската православна црква на годинешниот 38-ми меѓународен саем на книгата, кој ќе се одржи од 23 до 29 април 2026 година во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, Повардарската епархија ќе ги претстави сите свои изданија од своите две активни издавачки дејности „Св. Ѓорѓи Полошки“ и „Ѓаконија“.

Сите изложени изданија на саемот ќе бидат со репрезентативни цени (намалени) во однос на редовните продажни цени на книгите. Покрај книгите, на штандот на Повардарската епархија ќе бидат изложени и бесплатни примероци од списанието на Повардарската епархија „Православна светлина“. Оваа година ќе бидат претставени повеќе нови изданија од издавачка дејност на Повардарската епархија, и тоа книгите: „Светлост од Запад“, кое е двотомно издание за  животот и делото на отец Серафим Роуз, „Чуда Божји во XXI век“, „Современи атонски подвижници“, „Летај високо“, „Свети Теофан Полтавски, духовник на царското семејство“ и „Воскресна преобразба“.

Ве покануваме да го посетите штандот на Македонската Православна Црква и да одберете некое од нашите изданија.

Извор: http://www.povardarska-eparhija.org.mk/pe/index.php?option=com_content&task=view&id=3272&Itemid=112