Умилителната вeчерна богослужба со чинот на меѓусебно простување во Соборниот храм во Скопје

На 2 март 2025 година, кога Православната Црква се наоѓа во предворјето на Светата Четириесетница, празнувајќи ги Великите поклади – Прочка, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан зеде молитвено учество во Умилителната вeчерна богослужба, којашто беше отслужена во Архиепископскиот соборен храм „Свети Климент Охридски“ – Скопје.

По завршувањето на истата, согласно на светопреданискиот дух, следуваше чинот на меѓусебно простување.

Извор: https://mpc-spe.mk/arhiepiskop/aktivnosti/procka-2025/