Успение на Пресвета Богородица – Литургија и ракополагање во манастирот Трескавец

На 28 август 2026 година, кога светата Православна Црква торжествено го празнува Успението на Мајката Божја – Пресвета Богородица, Неговото Високопреосвештенство, митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на Неговото Преосвештенство, епископот Хераклејски г. Климент, игуменот Мојсеј (Тодоровски), јеромонахот Јов (Бару), ѓаконот Крсте Атанасов и јероѓаконите Никита и Калист, отслужи света Божествена Литургија во древниот манастир „Успение на Пресвета Богородица“ – Трескавец, покрај Прилеп.

За време на Светата Божествена Литургија, Митрополитот г. Петар го ракоположи монахот Калист во јероѓаконски чин, повикувајќи ја врз него благодатта на Светиот Дух за достојно и ревносно служење пред светиот Божји Престол.

На крајот од Божествената Литургија, верниот народ со вера и љубов пристапи кон Светата Чаша и се причести со Светите Христови Тајни, соединувајќи се со Христа – Изворот на животот и бесмртноста.

„Празникот на Успението нè потсетува дека за оние кои живеат во Христа смртта не е крај, туку премин од минливиот кон вечниот живот. Пресвета Богородица, која по Своето чесно Успение не го остави светот, и понатаму молитвено го покрива и застапува родот христијански пред Својот Син и наш Бог“ – завршува известувањето од Преспанско-пелагониската епархија.

Извор: http://www.pppe.mk/2026/uspenie-na-presveta-bogoroditsa-sveta-arhierejska-liturgija-vo-manastirot-treskavets/