„Во раѓањето си го сочувала девството, а со Твоето успение не си го оставила светот, Богородице, туку си се преселила во живот, Мајко на Животот, и со Твоите молитви ги избавуваш од смрт душите наши.“ (Тропар на Успението Богородично)
Празнувањето на светото Успение на Пресвета Богородица започна на 27 август 2026 година со празнична Вечерна богослужба и Опело на Пресвета Богородица, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско во Охрид, со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј.
Радоста продолжи наредниот ден, на 28 август 2026 година, кога во истоимениот храм во Македонски Брод беше отслужена света архијерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Митрополитот Георгиј.
По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач.































Извор: https://dke.org.mk/vesti/uspenie-na-presveta-bogorodica/
