Патријархот Московски и на сета Рус Кирил упати велигденска честитка до поглаварите на Помесните Православни Цркви, меѓу кои и до Блаженејшиот Архиепископ Охридски и Македонски Стефан. Во честитката се вели:
Срдечно честитајќи Ви го празникот на Пасхата Господова, Ви се обраќам со животопотврдувачките зборови на древниот црковен поздрав:
ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!
Сега за нас, верниците, настапи долгиот, вечен и неизгаслив, светол ден – таинствениота Пасха (Св. Јован Златоуст. Слово 6 за Светиот Велигден). Прославувајќи го воскресението од гробот на Господ Исус, првородениот од мртвите (Кол. 1, 18), Кој го помири светот со Себе (2. Кор. 5, 19), Му оддаваме пофалба и благодарност за даруваната можност да бидеме наследници на Царството Небесно.
Овој празник над празниците ги исполнува нашите срца со неискажлива радост, нè зајакнува во арената на земното туѓинување и нè поттикнува со непоколеблива сила и смелост да им ја објавиме на блиските и на далечните вечната утеха и добрата надеж во благодатта (2. Сол. 2, 16).
Воскреснатиот Христос Вам и на целото ваше богољубиво паство нека ви подари мир и долгоденствие, испраќајќи добро здравје и испраќајќи ја Неговата изобилна помош во извршувањето на Вашите архијерејски работи.
Со братска љубов во Воскреснатиот Господ,
Кирил, Патријарх Московски и на сета Рус