Владиката Иларион од Српската православна црква богослужеше во Слепченскиот манастир

Фотографии: tvhram.rs

Неговото Преосвештенство Епископот Новобрдски г. Иларион, викарен епископ на Српскиот Патријарх, началствуваше со светата Литургија во понеделник, 1 јули 2024 година, во манастирот „Свети Јован Крстител“ – Слепче, Демирхисарско.

Нему му сослужуваа свештеномонасите од Македонската и Српската православна црква кои беа дојдени за прославата на светата преподобномаченичка Стефанида, а молитвено учество зедоа и многубројните монаси и монахињи на кои слепченскиот манастир им укажа срдечно гостопримство. Службата се одвиваше пред моштите на оваа новопројавена светителка, кои се чуваат во овој манастир.

Во својата поучна проповед, Преосвештениот владика Иларион истакна дека често промашуваме во духовниот живот, исповедаме нешто што е околу нашата клучна замка што ни го држи срцето, и честопати својот грев, својата страст, ја прогласуваме за доблест. Во овој свет каде што има борба, злото често се спојува со доброто, каколот со пченицата. И во она што сме сигурни дека е наша доблест, дека е добро, што се гордееме со тоа во себе, може да има некое зло и некоја смрт. Така што, и она што е најдобро во нас, според нашите мерила, и тоа треба да Му Го принесеме на Бога. Од тоа да се обрнеме, Господ да го просее, да го одвои каколот од житото.

Извор: https://www.tvhram.rs/vesti/vesti-iz-crkve/8256/episkop-ilarion-bogosluzio-manastiru-slepce-foto