Владиката Јаков служеше во манастирот Манасија, во Србија

На 12 мај / 29 април, кога Црквата го празнува споменот на свети Василиј Острошки, со благослов на Неговата Светост, Српскиот Патријарх г.г. Порфириј и надлежниот епископ, Архиепископот Пожаревачки и Митрополит Браничевски г. Игнатиј, викарниот Епископ Стобиски г. Јаков отслужи Света Божествена Литургија во манастирот Манасија, во Република Србија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

„Доаѓањето на преосвештениот владика Јаков, епископот Стобиски од Македонската православна црква и неговото началствување со евхаристиското собрание беше на голема радост на браќата и на верниот народ“ – напишаа од манастирот Манасија.

Извор: https://www.facebook.com/share/p/199hwTUfHk/