Во понеделник, на 10 февруари 2025 година, кога Божјата Црква молитвено го прославува преподобниот Ефрем Сирин, Неговото Преосвештенство епископот Делчевско-каменички г. Марко отслужи Света Архиерејска Литургија во манастирот Конџељ, во Нишката епархија на Српската Православна Црква.
На Неговото Преосвештенство му сослужуваа Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Нишки г. Арсениј и свештенослужители на Нишката епархија.
По заамвоната молитва, владикaта Марко ги освети славските дарови и го пресече славскиот колач по повод именденот на отец Јефрем, настојателот на оваа света обител.
















