Владиката Марко сослужуваше со Бугарскиот Патријарх

Во неделата на 17-ти ноември 2024 година, Неговото Преосвештенство Епископот Делчевско-каменички г. Марко сослужуваше на Светата Литургија во храмот посветен на Светиот Дух во градот Монтана, Бугарија, во Видинска Митрополија на Бугарската православна црква.

На Литургијата началствуваше Неговата Светост Бугарскиот Патријарх г.г. Даниил во сослужение со свештенослужители од Бугарската Православна Црква и од Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.

После вдахновената беседа и поздравот до гостинот од страна на Бугарскиот Патријарх, на крајот на Литургијата, Епископот Марко со одбрани зборови му се заблагодари на Неговата Светост за поканата и му ги пренесе поздравите од Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и  Македонски г.г. Стефан.

Предходниот ден, во саботата Епископот Марко со придружбата беше достоинствено дочекан во Клисурската света обител „Св. Кирил и Методиј“ од Неговото Сепреподобие архимандритот Антим и од Високопреподобната игуманија Таисија со сестрите.

Извор: https://www.facebook.com/profile.php?id=61551990174842