На 13.04.2025 г., во недела посветена на Влегувањето на Спасителот Господ Исус Христос во Ерусалим, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протојереј-ставрофорите Златко Костовски, Кирил Трајковски, јерејот Александар Маргулевски и ѓаконот Крсте Атанасов, отслужи света Божествена Литургија во соборниот храм „Свети Великомаченик Димитриј“, во Битола.
На Божествената Литургија, Митрополитот г. Петар, благоволи во свештенички чин да го ракоположи ѓаконот Александар Маргулевски.
„Од името на Епархијата, на новоракоположениот свештеник Александар Маргулевски, му го честитаме примениот свештенички чин и се молиме достојно да Му служи на Бога и на верниот народ, принесувајќи многубројни плодови“ – завршува известувањето од Преспанско-пелагониската епархија.


