На 3 септември 2025 година, кога се празнува споменот на св. ап. Тадеј и св. мч-чка Васа Солунска, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион со благослов на Надлежниот Архиереј, Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, а во сослужение на свештенослужители од МПЦ-ОА, отслужи света архиерејска заупокоена Литургија, за покој на душата на својата мајка Гордана Серафимовска, во храмот „Св. вмч. Георгиј“ во Куманово.
По заупокоената Литургија, надлежниот архиереј, Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, изврши опело над новоупокоената рабина Божја Гордана Серафимовска од Куманово. Вечнаја памјат и царство небесно да ѝ дарува семилостивиот Бог.











