Во Марков манастир заедничка Литургија со гости од Полска

На 27 јуни 2024 година, група православни верници од Полска престојуваше во посета на манастири во Скопската епархија. Групата ја предводеше игумен Серафим Телеп од Богородичниот манастир во Супрасл (Полска). Тие прво го посетија Марковиот манастир „Св. Димитриј“, каде беше отслужена заедничка Литургија, во сослужение на игумен Серафим Телеп, на јеромонах Атанасиј Арсоски (свештенослужител на манастирот) и на присутните верници од Полска и од Македонија . По Литургијата, гостите имаа можност да се запознаат со историјата на манастирот и да се поклонат на светите мошти, кои се наоѓаат таму.

Истиот ден, гостите од Полска ги посетија манастирите: „Св. Пантелејмон“ (Нерези) и „Пресвета Богородица“ (Матка). Таму беа срдечно пречекани од монасите и од монахињите, и се запознаа со историјатот и со актуелниот живот на овие манастири.