Во Рокдејл, Австралија, отслужен парастос за блаженоупокоениот митрополит Тимотеј

На ден 27. 11. 2024 година, во македонската црковна општина „Света Петка“ во Рокдејл, Австралија, се отслужи парастос за блаженоупокоениот митрополит Тимотеј.

Освен парохискиот свештеник о. Владо Недески, на поменот свое учество зедоа и отците Александар Ивановски и Климент Џепаровски, а молитвено присуствуваше почитуваниот јеромонах Антипа од Скитот на Света Ана од Света Гора, кој лично се познаваше со покојниот Митрополит Тимотеј.

По парастосот се одржа кратка комеморација, на која беше произнесен краток говор од страна на г-дин Кире Циревски (на македонски јазик) и од г-дин Александар Младеновски (на англиски јазик).

Семилостивиот Бог нека ја насели неговата благородна душа во Царството Божјо.

Извор: https://www.macedonianorthodoxdiocese.org.au/во-рокдејл-отслужен-парастос-за-блаже/